ПроКредит Банка Македонија доби потврда на кредитниот рејтинг БББ- од Фич

by Фокус 13:33
13:33

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” во 2015 година, го потврди долгорочниот кредитен рејтинг “’’ БББ-‘ на ПроКредит Банка АД Скопје’.

Оваа оценка на долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат долгорочната поддршка од матичната компанија ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија, која е доминантниот сопственик на ПроКредит Банка АД Скопје.  Поддршката од акционерите преку присуство на брендот,  интеграцијата на банката во рамки на групацијата,  навременото обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност придонесуваат за стабилното работење и позитивните резултати на банката во Македонија.

- Advertising -

ПроКредит банка Македонија последен пат се здоби со зголемување на оценката на кредитниот рејтниг од ‘’ББ+’’ на ’’БББ-’’ во јули минатата година. Од 2005 година, aгенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката и постојано забележува пораст на оценките за различни параметри.

.

Поврзани новости