И МАН бара слобода за Кежаровски

by Фокус 13:22
13:22

Македонската асоција на новинари (МАН) најостро се спротивстави на одлуката на Апелацискиот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна. Според Асоцијацијата, единствено прифатливо е Судот да донесе ослободителна одлука.

„МАН смета дека секоја казна за вршење на новинарска работа е излишна, па и оваа за колегата Томислав Кежаровски. Ова дотолку повеќе што казната за новинарот кој пишувал текст е повисока од некои за сторителите за чие дело се пишувало“, стои во соопштението.

- Advertisements -

МАН очекува да се поднесе жалба по оваа одлука, а Врховниот суд во најкус можен рок, уште следната недела, да закаже седница на која ќе донесе ослободителна пресуда и ќе го ослободи новинарот Кежаровски од секаква одговорност.

Според МАН, со оваа одлука судството ќе покаже дека новинар не може и не смее да одговара за професионално извршување на својата работа.

Поврзани новости