ПроКредит Банка и Европска банка за обнова и развој со нови 5 милиони евра за претприемачите преку „Жени во бизнисот“ и „Млади во бизнисот“

by irena 12:13
12:13

ПроКредит Банка АД Скопје, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка од Европската Унија, обезбеди нов финансиски пакет во износ од 5 милиони евра, наменет за поттикнување на развојот на бизнисите предводени од жени и млади претприемачи во Северна Македонија.

Пакетот се состои од две кредитни линии во износ од по 2,5 милиони евра, обезбедени во рамки на програмите „Жени во бизнисот“ и „Млади во бизнисот“. Ова претставува втора соработка на ПроКредит Банка во рамки на двете програми, што дополнително ја потврдува континуираната посветеност на банката кон зголемување на пристапот до финансии за микро, малите и средни претпријатија.

Средствата ќе бидат целосно насочени кон поддршка на компании управувани од жени, како и бизниси основани или водени од млади лица до 35 години. Со тоа, се овозможува полесен пристап до долгорочно финансирање за категории кои често се соочуваат со предизвици од финансиски аспект.


Кредитната линија за жени претприемачи има за цел да го поттикне и засили нивното економско учество, со што ќе се придонесе кон растот на бизнисите низ целата држава, додека програмата „Млади во бизнисот“ е насочена кон развој на новоосновани бизниси, но и на постоечки бизниси со визија за напредок и успех, водени од млади лица до 35 години. Фокусот е кон раст на резултатите на бизнисите, отворањето на нови работни места и зголемување на нивната конкурентност на македонскиот пазар, а со надеж за настап и на меѓународните пазари во иднина.[AB1.1]

Двете кредитни линии се поддржани од Европската Унија преку обезбедување техничка помош и гаранции во рамки на програмата European Fund for Sustainable Development Plus (EFSD+), со што дополнително се олеснува пристапот до финансии и се намалува ризикот за инвестирање.
„Горди сме што ја продолжуваме успешната соработка со ЕБОР, со кој заеднички работиме на создавање подобра бизнис клима и поддршка на претприемачкиот дух во земјата. Преку овие програми, сакаме да овозможиме повеќе успешни приказни, посилен раст на компаниите и долгорочен придонес кон развојот на македонската економија. Очекуваме голем интерес и во овој циклус, како потврда дека постојат навистина голем број квалитетни идеи и подготвеност за реализација која ќе доведе до одлични бизниси со можност за реален раст и напредок“, велат од тимот на ПроКредит Банка кој работи на овие клучни програми за македонската економија.

ПроКредит Банка е долгогодишен партнер на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и една од водечките банки во поддршката на микро, малите и средни претпријатија во Северна Македонија, со јасен фокус на одговорно банкарство и одржлив развој.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) продолжуваат да го поддржуваат инклузивното претприемаштво во Северна Македонија преку потпишување на ЕУР 5 милиони финансиски договор со ПроКредит Банка АД Скопје под програмите Жени во бизнис  и Млади во бизнис .

ПР текст

 

Слични вести