Професорски пленум: Имаме еден предлог премиере, повлечете го законот

by Фокус

Професорите испратија предлог до премиерот Никола Груевски со кој категорично наведуваат дека измените во Законот за високо образование е неопходно да се повлечат. Професорскиот пленим без да наведува подетални причини, во една реченица сугерира како да постапи премиерот доколку е отворен за сугестии и предлози, како што самиот повика.

Во соопштението на професорите стои „Одговор на Професорскиот пленим по повод замолницата на Владата за испраќање сугестии за оредлог- измените во Законот за високото образование. Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш.“

Ваквата реакција следува откако Владата објави дека ќе прифати дел од забелешките слушнати на дебатата од пред два дена во Собранието, но дека се уште има простор за предлози, а во тој котекст може да излезат со аргументи и членовите на Професорскиот пленум.

Во прифатените забелешки за кои зборува Владата не се тие на студентите и тие на професорите. За да седнат тие на дебата прво мора да се повлече предлогот, па во законска процедура да се закажат нови состаноци на кои ќе учествуваат сите фактори, пред се студентите кои први го кренаа гласот против проектите на власта во образованието.

 

Поврзани новости