Професорскиот пленум со петиција пред колегата, претседателот Иванов

by Фокус 17:28
17:28

Професорскиот пленум преку соопштение извести дека е отворена петиција за собирање потписи кои ќе му бидат испратени на Претседателот на државата, Ѓорге Иванов со цел да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите.

Петицијата следува по проценката дека Владата нема да го испочитува барањето на пофесорите и да ги повлече законските измени и дека тие ќе поминат во парламентот. Тој период Професорскиот пленум ќе го искористи да собере потписи за да ги испрати до Иванов.

- Advertisements -

Професорскиот пленум денеска испрати еден предлог до премиерот Груевски, да ги повлече законските измени. Дури потоа ќе биде можно да се отвои дебата преку легална собраниска процедура, но со задолжително присуство на Студентскиот пленум.

Линк до петицијата:

https://secure.avaaz.org/en/petition/HE_President_of_the_Republic_of_Macedonia_Prof_Dr_Gjorge_Ivanov_Stand_by_your_colleagues_and_students/?soVjKbb

Поврзани новости