590
Професорот Ненад Марковиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“ говореше за актуелната политичка состојба во Македонија, надоврзувајќи се на двата маршови за правдата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Секогаш има една фигура на која се таргетира, независно што ќе се докаже на суд. Јас не им верувам на партиите дека имаат сериозна и темелна намера да пристапат кон воведување на правда во Македонија. Јас мислам дека тоа е многу добар дискурс пред избори“, истакна Марковиќ.