Професорката Ристова: Порано беше престиж да се биде професор, татко ми од професорска плата купи стан во Скопје!

by fokus

Професорката од ПМФ, Мимоза Ристова, која е дел од НАкС, смета дека пред повеќе од 20 години, било престиж да се биде редовен професор, што според неа, во денешно време не е така.

„Пред повеќе од 20 години беше навистина престиж да се биде професор на некој од универзитетите во Македонија. Мојот татко беше професор, а добро се сеќавам, од професорска плата купи стан во Скопје. Алармантна е ситуацијата со младиот кадар и мора веднаш да се вработат во факултетите. Но, од друг аспект, со ваква ниска плата, ние само ги бркаме младиот кадар“, вели Ристова.

Поврзани новости