Францускиот магазин АД ја препорачува Македонија меѓу петте туристички дестинации за 2020

by Fokus 13:18
13:18

Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

- Advertising -

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Северна Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети

Поврзани новости