Професорите го прекинаа штрајкот со глад

by Фокус

СОНК и тројцата професори од Штипскиот универзитет, кои се 22 дена во штрајк со глад, по завршување на денешниот протест пред Министерството за образование се договорија штрајкот со глад да го стават во мирување. Тоа го сториле, како што велат, во знак на добра воља и симнување на сите обвинувања на политичка заднина на целиот случај.

„И понатаму безрезервно ќе ги поддржуваме тројцата универзитетски професори додека не се реши проблемот, кој е создаден со скандалозно кршење и не почитување на оценките на рецензентските комисии, како и решението на Државната просветна инспекција“, велат од СОНК.

Поврзани новости