Нов протест за случувањата околу „Монструм“

by Фокус 15:32
15:32

Стотина граѓани денеска на Бит-пазар протестираа за случувањата околу „Монструм“ пред кордонот од полицијаци кои им го попречија патот на самиот булевар. Нивниот план бил да стигнат до Владата. Протестот мина мирно, без поголеми инциденти иако на заминување демонстрантите почнаа да фрлаат камења, но веднаш се смирија.

Граѓаните од Бит-пазар се револтирани поради одлуката на судот учесниците во минатомесечните нереди да добијат казна затвор од три години и повторно го искажаа своето незадоволство за првичната одлука околу случајот „Монструм“. Тие на неколку наврати извикуваа пароли против министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и „УЧК, УЧК!“.

- Advertising -

На Битпазар и во неговата близина во текот на целиот ден имаше засилено полициско обезбедување.

Поврзани новости