Виктор Камиловски, Тања Каракамишева, Родна Живковска, Аце Миленковски, Саво Климовски, Љубиша Георгиевски, Јелена Лужина се дел од групата професори потпишани на иницијативата за поддршка на државниот испит, а во истата група влегуваат 200 професори, кои ги поддржуваат владините реформи во високото образование.
Според неофицијални информации на „Фокус“, претседателот на Советот на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Камиловски одел на скопските клиники и барал поддршка за воведување на државниот испит и новите законски измени. „Фокус“ се потруди да стапи во контакт со доктор Камиловски, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.
Оваа неформална група на професори се нарекува Граѓанска иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование, која има сосема спротивен став од другата професорка група која е против државниот испит и која се организира во инцијативата Професорски пленум.
Порталот „Прес 24“ денеска ги објави ставовите на овие 200 професори, кои им даваат поддршка на новите реформи во високото образование.