Професор четири години малтретирал со молотови коктели семејство од Кавадарци ВИДЕО

by fokus

Семејството Димитриови од Кавадарци, како што утрово објави „Фокус“, по околу четири години голгота, конечно викендов успеало да го фати својот мачител, кој околу 50 пати им фрлил шишиња и тегли полни со прегорено масло во дворот, врз фасадата на куќата, автомобилот, но и внатре, во домот. Човекот, што му го загорчил животот на кавадаречкото семејство пред да биде фатен, бил уловен и на безбедносните камери поставени на семејната куќа на Димитрови.

Маскираниот разбојник се испоставило дека не е некој со сомнително досие , туку угледен професор во една од кавадаречките гимназии.

Случајoт е пријавен и во полиција.

 

 

Поврзани новости