Панчевски не се појави на судењето, не добил покана

by fokus

Експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски денеска не се појави на првото рочиште, за тужбата против него за мобинг, поднесена од страна на поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд Горан Стаменковски.

Панчевски за Алсат М рекол дека не се појавил на суд бидејќи не добил никаква покана. Од Судот пак, рекоа дека поканата била доставена на домашна адреса и ја примила жена која се претставила како негова мајка.

Инаку, во тужбата против Панчевски стои дека во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Рочиштето е одложено за на седми февруари.

Поврзани новости