Мајката на Тамара: Доста беше од сите вас, време е да си одите

by Фокус 12:41
12:41

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска напиша отворено писмо во кое потсетува дека поминале 99 дена без насмевката на Тамара, а виновниците се уште биле слободни. „Доста беше од сите вас, време е да си отидете. Нека заврши вашиот режим, што монструмски сте го креирале… Дајте си оставки, бидете малку барем достоинствени“, бара мајката на Тамара.

Нејзиното писмо ви го пренесуваме интегрално:

- Advertisements -

„Денес е 99 ден откако ја нема насмевката на мојата Тамара. Згасна млад детски живот, чекајќи милост од лошите чичковци. Виновниците се сеуште слободни, Основното Јавно Обвинителство не дава никаков одговор, НИКОЈ НЕ МЕ ПРИМА на разговор, ниту пак ми одговара на писмените барања, повторно и повторно истата приказна, повторно ми се згрозени правата. Јавно прашувам ЗОШТО И ДО КОГА?!

Сега гледам дека оние кои и ја одзедоа насмевката на Тамарче повикуваат на народен СОБИР, па решив и за тоа да ги прашам ЗОШТО? Господинот пратеник Илија Димовски, изјавуваше дека се “заложил” Тамара да се оперира и дека работата била завршена, па и тебе да те прашам ЗОШТО? Заменикот Министер за Здравство Јовица Андоновски ги чуваше сите документи за Тамара во фиока цела година, и тој ветуваше и ништо не исполни. ЗОШТО Јовица? Имате ли вие деца?

Докторката Аспазија Софијанова и ВЕТИ ЛИЧНО НА ТАМАРА дека ќе и помогне, оти со кривина над 80 степени не било нормално да живее, за на крај она да и прати решение дека не може да се оперира во Странство, Тамара да ЧЕКАЛА да се отвори некаков си Спинален Центар, кој за жал сеуште не е ни отворен. После смртта на Тамарче, таа самата изјави дека некој и се јавил ОДОЗГОРА и кажал дека така мора да биде. Кој е тој бре Софијанова? Кој беше тој монструм без душа и срце? Кој е тој што си поигра со животот на Тамарче????

На ГОСПОДИНОТ Премиер Никола Груевски, на Христијанскиот празник Водици, при негова посета во Велес, лично му ги дадов документите со што ми одговори со “Добро” и после два дена, ми се јави НЕКОЈ и ми се развика на телефон дека неможело ништо да се направи, така било решено и не сум знаела ШТО САКАМ!!! ЗОШТО Премиеру? Толку ли беше тешко да се помогне на моето дете? Штом ти не помогна, кој требаше да ми помогне? Министерот за Здравство Никола Тодоров 3 години го молев за прием, го чекав секаде, и никогаш не најде време да ме прими, НИКОГАШ.

Пет дена пред концертот за Тамара во Октомври вети пред цела јавност дека Тамара ќе се оперира и дека Државата ќе ги покрие сите трошоци…. Ништо од тоа не се случи. На 15 Јануари, јавно кажа дека тој бил информиран дела Тамара веќе била оперирана. Шок за сите… Тамарче ми почина, а Тодоров не чуствувал никаква одговороност, всушност направил се што можел… Како можеш да ги погледнеш своите деца и да продолжиш понатаму со животот како ништо да не било? Зошто не и помогна на Тамара?

Па таа можеше да биде сечие дете, бараше само помош, имаше страшни болки… Е ти си тој што највеќе се поигра со нејзиниот живот… Доста беше од сите вас, време е да си отидете. Нека заврши вашиот режим што монструмски сте го креирале… Дајте си оставки, бидете малку барем достоинствени.

Поврзани новости