Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

by Fokus

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои и Талат Џафери.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште на предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, беа сослушани повеќе пратеници, меѓу кои Илија Димовски, Благој Деспотовски, Весна Дамчевска Илиевска и Весна Пемова.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани новости