Детално метео: Следува засилен северен ветер и пониски утрински температури

by Fokus

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, во јужните предели ќе има услови за локален слаб дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во следните денови повторно ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури на воздухот ќе бидат нешто пониски, и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости