Гутереш: Пандемијата ги зголеми ризиците по мирот во светот

by Fokus 08:10
08:10

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот.

– Тоа претставува голема закана од конфликт, поради што испраќам итен повик за глобален прекин на огнот, изјави Гутереш по повод 39-годишнината од Меѓународниот ден ана мирот, што се одбележува во светот секоја година на 21 септември.

- Advertising -

Тој додаде дека мирот е „стремеж, што толку е силен колку и нашето убедување и толку траен колку ио нашата надеж“.

– Градењето на мирни, стабилни општества може да трае со децении, дури и со векови. Но, мирот може да биде нарушен од несовесни, разединувачки политики. Надвор од воените зони падемијата ги потенцира и експлоатира нееднаквостите од секаков вид, насочувајќи ги општествата и државите едни против други, наведе Гутереш.

Тој повика да се интензивираат напори за „да се донесе мир секаде каде има конфликти и каде има дипломатски капацитет за замолчување на оружјето“.

Поврзани новости