655
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужа, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.
За убиството на дваесетгодишниот Саздовски, Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.