Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судењето на Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција, а сега и кандидат за пратеник на листата на опозицијата предводена од СДСМ.
Богоевски е обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите.
-Да, бев дел од групата којашто Зврлевски дрско ја нарекува толпа и не, не признавам вина за моето сторено поведение. По дефиниција, вина е општествен прекор. Не може да ме прекорува општеството чијшто правен систем дозволува здружението на Груевски 10 години да ја силува правдата во оваа држава и да ја киднапира секоја пора во нашето општество. Ќе прифатиме одговорност за своите постапки, но само кога Груевски и другите инкриминирано во објавените разговори ќе прифатат одговорност во судницата до мојата, изјави Богоевски пред Судот на минатото рочиште кое беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура.