Бугарската влада на чело со Борисов поднесе оставка

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до Народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата Влада, соопшти Прес-службата на буграскиот владин Кабинет.

Во писмото со оставката Борисов напоменува дека Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции се до изборот на нов Министрески совет и дека ќе обебзеди „континуитет во управувањето со земјата“, пренесе БТА.

Борисов уште вчера откако на претседателските избори победи независниот кандидат, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев, најави дека тој ќе си поднесе оставка.

Поврзани новости