Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

by Fokus

Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска во Собранието треба да продолжи со работа со разгледување на акти и документи поврзани со скандалот на клиниката.

Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата и на последната седницата ја анализираа собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Според искажаното на последната седница, за пратениците од опозицијата виновен е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој, како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, бил на врвот на пирамидата на криминалот.

Додека, пак, за пратениците од власта, опозицијата го политизира случајот со Клиниката и без никакви докази се става во улога на судија и неосновано обвинува.

Поврзани новости