Продолжува расправата за огласот за јавен обвинител

by Fokus

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Во понеделникот пратениците од опозицијата обвинија дека со процедурата за јавниот оглас се прекршува членот на законот кој според нив, СДСМ барал да се внесе во Изборниот законик. Тие потсетија дека и Владата се оградува од, како што истакнуваат, какви било процедури и оти ги ставаат во мирување сите разрешувања и именувања на функционери за после изборите.

Поврзани новости