СДСМ: За само сто дена обезбедивме повисока минимална плата во висина од 12.000 денари и ја вративме евтината дневна тарифа на струјата

by Fokus

За само сто дена, Владата предводена од СДСМ покажа дека зборот навистина е збор и донесе клучни одлуки со кои се унапредува квалитетот на живот, парите се враќаат кај граѓаните, институцииите работат во служба на граѓаните, а Македонија почна цврсто да чекори на евроинтеграцискиот пат, реагираат од владејачката СДСМ.

„Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ за само сто дена обезбедија повисока минимална плата во висина од 12.000 денари за околу 70.000 граѓани, ја враќаат евтината дневна тарифа на струјата, трајно го решаваат проблемот на 3000 стечајни работници, обезбедуваат поголема помош за домашните компании и започнаа процедура за укинување на радиодифузна такса – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, се остварило и едно од клучните ветувања во предизборната и во Програмата на новата Влада – институциите се ослободиле, се отвориле и работат во служба на граѓаните.

Поврзани новости