Владата усвои Декларација за слободни и фер избори

by Fokus

Владата на Република Македонија на вчерашната 26. седница ја усвои Декларацијата за слободни и фер избори, како темелна вредност која произлегува од членот 22 од Уставот на Република Македонија, според кој, секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво, општо и непосредно, кое се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Согласно оваа Декларација, Владата им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и на вработените во органите на државната управа, да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин и да обезбедат почитување на принципот на тајното гласање за да може гласачите слободно да гласаат, без страв или заплашување.

Поврзани новости