Продолжува алармантната загаденост на воздухот

by Фокус

Мерните станици и утрово измерија загаден воздух далеку над дозволената граница во истите градови – Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Кочани, Велес и Кавадарци.

Во Тетово регистрирана е концентрација на штетните ПМ 10 честички од 345 микрограми на метар кубен, во Битола 270, во Кичево 163, што е неколкукратно над дозволената граница од 50 микрограми.

Во Скопје, пак, највисока концентрација на овие честички е измерена во Центар од 283, по што следува Лисиче (232), Гази Баба (211) итн.

Поврзани новости