437
Триесет и тригодишна продавачка со ловечка пушка застрела муштерија во крушевското село Светомитрани.
Според информациите на полицијата, убиството се случило изутринава во 9 часот.
Продавачката М.П. (33) по кратка расправија го застрелала соселанецот Н.Д.(44). Тој починал на самото место, во продавницата.
На местото на настанот се врши увид во присуство на јавен обвинител, а жената што пукала е приведена.