Ахмети: Вистината ќе излезе на виделинa, правдата ќе победи!

by fokus

-Дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема –порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен, на која и се пожалил дека во последните две години се водела тенденциозна кампања против него и неговата партија.

-Претседателот Ахмети е решен дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстрани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи- стои во соопштението на ДУИ,

На средбата Ахмети ги повикал меѓународните пријатели да не останат индиферентни кон случувањата во нашата земја.

Поврзани новости