404
Иако сите предупредуваат дека нема доволно време до 24 април да се прочисти Избирачкиот список, се уште не е ни започната проверката на списокот. Од ДИК велат дека со процедурата за проверка и прочистување на Избирачкиот список ќе започне наскоро, но немаат одредено конкретен датум.
Нивниот претседател Александар Чичаковски претходно изјави дека технички може да се реализираат избори на 24 април, но без притоа да се спроведе прочистување на Избирачкиот список. Потоа, членовите на ДИК од владејачките партии излегоа со изјави дека е можно прочистувањето да се заврши до датумот за избори кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа без опозициските партии.