СДСМ нема да оди на избори, Централниот одбор е во тек

by Фокус

По два ипол часа заседавање на Централниот одбор на СДСМ, речиси е сигурно дека опозициската партија нема да учествува на изборите на 24 април, брифираше Петре Шилегов. На Централниот одбор се разговара за следните чекори на СДСМ во новонастаната ситуација, кога партиите од власта сами одлучија да има избори на 24 април.

Вечерва СДСМ треба да донесе и одлука дали ќе ги повлече своите министри од новоибраната Влада, а оваа одлука ќе се знае откако ќе заврши дискусијата на членовите.

Поврзани новости