СДСМ бара да се поништи распуштањето на Собранието и нов датум за избори

by Фокус

Само што заврши Централниот одбор на СДСМ, на кој партија донесе одлука да бара поништување на распуштањето на Парламентот во февруари и да се договори нов датум за избори. На избори на 24 април тие нема да учествуваат.

-Фер, регуларни и демократски избори се императив за Македонија, а не датум за избори. Вакви избори на Македонија не и требаат, затоа менувањето на датумот не е желба на опозицијата туку потреба за целосна реализација на Договорот од Пржино, изјави Заев.

Според Заев, едностраната одлука за распуштање на Собранието и избори на 24 април, им оставила само две опции:  да ги напушти институциите или да бара нов датум за избори. Лидерот на опозицијата додаде дека Договорот од Пржино треба целосно да се спроведе, а СДСМ нема да биде причина за негово кршење.

Поврзани новости