Три момчиња се степале пред сендвичара во Тетово вчера околу 22.50 часот, при што едно од момчињата, 19-годишник завршил со убодна рана во градите по што морал да биде пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, велат од полицијата.
„На 04.08.2018 година во 22,50 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Маршал Тито“ пред сендвичара дошло до меѓусебна тепачка помеѓу М.П. (25) од с.Н.Село-Тетово, од една страна и Н.Р. (18) населбата Дреновец-тетовско и В.Б. (19) од с.Церово-тетовско од друга страна, при што со убодна рана од нож во пределот на градниот кош се здобил В.Б. Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“во Скопје“, соопштија од МВР.
За настанот, како што велат од таму, бил известен Јавен обвинител.
„Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. М.П. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.