Привремено поништени разрешувањата и унапредувањата на Спасовски

by Фокус 17:58
17:58

Управниот суд донел одлука привремено да ги стави надвор од сила сите 29 одлуки кои го донесе министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со тоа што ја прифати тужбата на заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид, Куманово и во Велес.

Привремената мерка се однесува и на решенија со кои Спасовски именуваше нови началници, како и на тие со кои беа унапредени 17 вработени во Министерството за внатрешни работи.

- Advertising -

 

Поврзани новости