Заев: Избори на 24 април нема да се случат

by Фокус

На Македонија и се потребни фер, регуларни и кристално чисти избори, такви на 24 април не може да има, истакна лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција.

– Ова е став на СДСМ но и на други партии и на демократската јавност, избори на 24 април нема да има, такви избори ако им нема да ги гледаме на телевизија – изјави Заев.

Според него бидејќи се пробиени сите рокови од договорот од Пржино не може да се испочитува ни датумот за одржување на изборите.

За прв пат тој денеска ги спомна како можен датум 5 јуни или 5 јули одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Поврзани новости