Спасовски со предупредување до Чавков дека ја крши законската процедура

by Фокус

Откако денеска Управниот суд ја прифати тужбата на заменик-министерот за внатрешни работи Чавков и времено ги укина назначувањата и разрешувањата во МВР, министерот Оливер Спасовски рече дека го предупредил Чавков дека ја прекршил правната процедура, бидејќи неговите одлуки не биле оспорени во рок од 24 часа до Државната изборна комисија, согласно Законот за Влада, па оттаму да се укаже дали неговите барања имаат основа.

Министерот Спасовски најави и дека ќе поднесе жалба до Вишиот управен суд, а додека Вишиот суд не донесе одлука, одлуките за разрешувања и назначувања на кадри во МВР остануваат.

Како што рече Спасовски, однесувањето на Чавков и испраќањето телеграми до директорите во МВР претставува непочитување на безбедносниот систем на Министерството.

Поврзани новости