441
Управниот суд донел одлука привремено да ги стави надвор од сила сите 29 одлуки кои го донесе министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со тоа што ја прифати тужбата на заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид, Куманово и во Велес.
Привремената мерка се однесува и на решенија со кои Спасовски именуваше нови началници, како и на тие со кои беа унапредени 17 вработени во Министерството за внатрешни работи.