475
Полицијата во текот на вчерашниот ден го лиши од слобода лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото.
По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава.