3
Двајца жители на Велес на возраст од 36 и 26 години биле лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла марихуана, таблети и дигитална вага.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 6 ноември, околу 22:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес ги привеле Д.Т. (36) и Ј.А. (26). Предметите биле пронајдени во нивна близина, откако претходно едниот од нив ги оставил.
Следниот ден, со судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари.
Двете лица биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.