Ива Михаилова од Кочани, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици и за која МВР распиша меѓународна потерница откако пред околу еден месец побегна во Бугарија, се појави на поткаст каде го критикуваше судството и обвинителот во судскиот процес против неа.
Во поткастот таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека лично финансирал 90 проценти од македонските медиуми за ширење омраза против бугарскиот народ и Бугарија.
Во емисијата беа упатени и напади кон македонските институциите, со тврдења за наводно барање поткуп и следење од македонските служби, а Михаилова обвини и дека Македонија е под влијание на „српскиот свет“.
Таа рече дека постапката се променила на полошо откако таа се декларирала како Бугарка, обвинителот кој го водел процесот против неа бил „бугарофоб“ и барал пари за полесна пресуда.
Воедно, повтори дека поради отсуство на специјализирани доктори во Македонија неопходно било да се лечи во Бугарија каде како што вели, ја чека доста долго лекување во повеќе бугарски, но и странски болници.