Приведени се 42 лица, вкупно 55 не ја почитувале забраната за движење

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот  по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на  159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани новости