Приведени разбојници од Скопје

by Fokus

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево вчера ги лишиле од слобода Р.Н. и М.Н. од Скопје, поради основано сомнение дека завчера во 18 часот извршиле кривично дело разбојништво врз М.К.(34).

Лицата се приведени во Полициска станица Аеродром, а одземените пари се пронајдени. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство, информира МВР.

Поврзани новости