Петмина кандидати за градоначалник на Штип, меѓу нив и Нигериецот Џими

by Fokus

Во трката за градоначалник на Штип се петмина кандидати, информира претседателката на Општинската изборна комисија – Штип, Сенка Андреева. Рокот за доставување на кандидатури беше до вчера на полноќ.

Во трката за прв човек на градот Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов од партијата ТМРО, пратеникот Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“.

Тука е и кандидатурата на македонската конзервативна партија Интегра, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани и пошироката македонска јавност како Џими, кој е роден во Нигерија, а веќе неколку децении живее и работи во Штип.

Поврзани новости