Синоќа околу 22.00 часот, во угостителски објект во Гостивар се приведени две државјанки на Молдавија поради пречекорување на туристички престој.
„На 29.06.2019 во 22:00 часот на подрачјето на СВР Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објекти за превземање на мерки со цел откривање на прекроши по ЗППЈРМ како и други кривични дела. Во еден угостителски објект е приведено едно лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица „Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, во ПС Гостивар приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој. Поради пречекорување на туристички престој во ПС-Гостивар приведени се странските државјанки: .А.Д. (42) и В.Д. (17) и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка“, велат од МВР.