Приведени две лица при купопродажба на дрога

by Fokus

Приведеби две лица во Скопје затекнати при купопродажба на дрога, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, вчера во 14.40 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје. На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари.

Од МВР додадоа дека при нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихауна и дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик

Поврзани новости