475
Полицијата ги привела Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово како осомничени за нападот на полицискиот службеник кој се случи синоќа на кружниот тек во населба Ѓорче Петров.
Како што е соопштено, вчера во 19 часот е пронајдено возилото „голф“ од кое е стрелано во полицискиот службеник З.Р. Toj има повреди во ногата и е на лекување во Градската општа „8-ми Септември”.
По целосно документирање и расчистување на случајот полицијата најавува дека ќе поднесе соодветна пријава.