СЗО: Светот нема да се ослободи од ковид-19 до крајот на годината

by Fokus 12:46
12:46

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално размислувањето дека светот ќе се ослободи од ковид-19 до крајот на годината.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан кажа дека трагичноста на коронакризата би можела да се избегне со намалување на бројот на хоспитализираните и смртните случаи, пренесува Гардијан.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Тој истакна дека вирусот и понатаму е тој кој ја има контролата, особено имајќи го предвид порастот на бројот на новозаразени минатата недела, по шесте последователни недели на пад на бројките.

-Би било многу избрзано и нереално да се мисли дека до крајот на годината ќе се ослободиме од вирусот, но ако бидеме паметни ќе може да завршиме со хоспитализациите, смртните случаи и трагедијата поврзана со пандемијата, кажа Рајан.

Поврзани новости