Приведени двајца арачиновци-со возило се обиделе да прегазат полицаец

by fokus

Полицијата приведе двајца жители од Арачиново кои во Куманово се обиделе да прегазат полицаец.

Двајцата вчера околу 20.30 часот на булевар „Трета македонска бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возилото се обиделе да прегазат полицаец.

Два часа подоцна полицијата ги привела во липковското село Никуштак и против нив ќе биде поднесена пријава.

Поврзани новости