Приведени 28 лица за непочитување на полицискиот час во цела држава

by Frosina Fakova

Вкупно 59 лица во цела држава не го почитувале полицискиот час, поради што полицијата привела 28 лица, а на останатите земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат во МВР.

Вчера на територијата на земјава на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лице потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација. соопштуват од МВР.

Поврзани новости