ВМРО-ДПМНЕ: Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово

by Frosina Fakova

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста ги критикува техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев бидејќи навреме не ги известиле кумановци за полицискиот час кој трае цел викенд.

-Животите на илјадници кумановци се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час. Заев и Спасовски задлабочени во танцот , заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие порачуваат дека луѓето не се експериментални глувци и велат дека потребна е економска политика веднаш.

Поврзани новости