481
Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и однесен во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави интернет порталот Religija.mk.
Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица.
Засега нема информации поради кои причини е приведен владиката Петар.