Приведен угостител од Тетово поради непочитување на здравствените прописи

by Fokus

Тетовската полиција приведе сопственик на угостителски објект на влезот во Тетово, бидејќи работел до околу 1:30 часот кога е извршена контролата. Во објектот биле затекнати 11 лица.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец М.А., поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик. Во акциска коннтрола спроведена во неговиот угостителски објект на излезот од Тетово, биле затекнати 11 лица, меѓу кои пет од Република Албанија и два од Република Србија, информира Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот против М.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани новости